Откажан женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
- Супервелеслаомот во женска конкуренција што денеска требаше да се одржи во рамки на Светскиот куп во аплпско скијање во швајцарскиот центар Сент Мориц е откажан поради неповолни временски услови.

Сент Мориц, 22 декември 2024 (МИА) – Супервелеслаомот во женска конкуренција што денеска требаше да се одржи во рамки на Светскиот куп во аплпско скијање во швајцарскиот центар Сент Мориц е откажан поради неповолни временски услови.
Силниот ветер и магла на патеката го оневозможија одржувањето на трката, откако почетокот неколкупати беше одложуван.
Од ФИС објавија дека временските услови биле премногу нестабилни и неповолни.
Сè уште не е јасно дали и на кое место ќе се одржи оваа трка.
Австријката Корнелија Хутер победи во саботата во првиот супервелеслалом во овој швајцарски зимски центар, кој се одржа во речиси совршени услови. ег
ФОТО: Фејсбук