• недела, 28 април 2024

Спасеновски од Макпетрол поразен во четвртфиналето на светската карате лига во Каиро, Заборски не ја помина групата

Спасеновски од Макпетрол поразен во четвртфиналето на светската карате лига во Каиро, Заборски не ја помина групата

Каиро, 20 април 2024 (МИА) - Членот на Макпетрол, Петар Спасеновски, се пласира меѓу осумте најдобри спортисти на турнирот од Светската карате-лига во Каиро, Египет. На силниот меѓународен собир во Египет, тој го освои првото место во групата со три убедливи победи во елиминацискиот дел.

Спасеновски во четвртфиналето загуби од Украинецот Валери Соникин (1-4). Со овој резултат каратистот на „Макпетрол“ се вброи меѓу осумте најдобри во светот. 

Покрај Спасеновски на турнирот настапи уште еден македонски каратист.  Петар Заборски кој се натпреваруваше во категоријата под 84 килограми се натпреваруваше во категоријата под 75 килограми забележа една победа и два пораза.

Следен предизвик за македонските каратисти е Европското сениорско првенство кое треба да се одржи од 8 до 12 мај во Задар, Хрватска. зс/

Остани поврзан