• недела, 19 мај 2024

Алкараз по вторпат се пласираше во полуфинале на Грен слем и ќе игра со Ѓоковиќ

Алкараз по вторпат се пласираше во полуфинале на Грен слем и ќе игра со Ѓоковиќ

Париз, 7 јуни 2023 (МИА) - Првиот светски рекет Карлос Алкараз синоќа го совлада Стефанос Циципас во четвртфиналето на Ролан Гарос - 6:2, 6:1, 7:6 (5).

 

Дваесетгодишниот Шпанец по втор пат се пласираше во полуфиналето на еден Грен слем турнир. Првиот беше на УС Опен-2022, каде што на крајот ја освои титулата.

 

Алкараз во меѓусебните дуели со Циципас сега води 5:0, а генерално со тенисери од топ 10 има биланс 17:9.

 

Во полуфиналето на Грен слемот во Париз, противник на Алкараз ќе му биде Србинот Новак Ѓоковиќ, кого го совлада на единствената нивната досегашна средба. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан