• недела, 23 јуни 2024

Албанскиот претседател Бегај во посета на Косово

Албанскиот претседател Бегај во посета на Косово

Тирана, 23 јуни 2024 (МИА) - Албанскиот претседател  Бајрам Бегај денеска ја започнува дводневната посета на Косово.

Според официјалното соопштение, тој ќе посети три општини Дечани, Јуник и Дренаси каде ќе има средби со локалните власти.

За време на оваа посета, претседателот Бегај, ќе им оддаде почит и на поранешните борци на Ослободителната војска на Косово, кои загинаа за време на војната во 1999 година. 

Бегај има реализирано повеќе посети на Косово, кое му беше и прва дестинација надвор од земјата по изборот во јули 2022 година. вт/рп/

 

Остани поврзан