Вооружени напаѓачи убиле полицајци и свештеник во рускиот кавкаски регион
- Во нападите се ранети шест лица.
Mосква, 23 јуни 2024 (МИА) – Вооружени напаѓачи отворија оган во синагога, православна црква и полициска станица во рускиот северен кавказски регион Дагестан, при што двајца полицајци беа убиени, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.
Во нападите се ранети шест лица.
Еден полициски офицер е убиен во пукотница во синагога во Дербент, дом на древна еврејска заедница во Северен Кавказ. Размена на оган имаше и во православна црква во градот.
Друга размена на истрели се случи во полициска станица во Махачкала, околу 125 километри на север по должината на брегот на Каспиското Море и главниот град во Дагестан, главно муслимански населен регион во јужна Русија.зш/