• четврток, 18 јули 2024

Нетанјаху повтори дека САД ги задржуваат тиспораките на оружје за Израел, откако Вашингтон веќе ги отфрли тие тврдења

Нетанјаху повтори дека САД ги задржуваат тиспораките на оружје за Израел, откако Вашингтон веќе ги отфрли тие тврдења

Тел Авив, 23 јуни 2024 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска нагласи дека има „драматичен пад“ на испораките на американско оружје за израелските воени напори во Газа, повторувајќи го претходното тврдење кое беше демантирано од администрацијата на Бајден. Нетанјаху во обраќање до Кабинетот наведе дека падот се случил пред четири месеци, без да прецизира кое оружје .

Расправијата ги одразува засилените тензии меѓу Израел и Вашингтон во врска со војната во Газа, особено поради однесувањето на израелската војска на опколената територија и последиците по цивилниот живот таму.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја одложи испораката на одредени бомби од мај поради тие загрижености, но неговата администрација минатата недела ги отфрли обвинувањата на Нетанјаху.

Изјавата на Нетанјаху минатата недела предизвика бес во Израел и беше дочекана со негирање и збунетост од претставници на Белата куќа. Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби рече дека САД се „збунети“ од тврдењата на Нетанјаху. зш/

Остани поврзан