• недела, 22 декември 2024

Активности на охридскиот Црвен крст за помош на настраданите реони во поплавите во БиХ

Активности на охридскиот Црвен крст за помош на настраданите реони во поплавите во БиХ

Охрид, 28 октомври 2024 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид со свои активности се приклучува кон апелот за собирање средства за помош на настраданото население во Босна и Херцеговина во поплавите што однесоа преку 20 човечки животи, а илјадници луѓе останаа без покрив над главата.

Во соработка со Здружението на поети за возрасни и деца од Кладањ, Босна и Херцеговина, а со поддршка на Општина Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ охридскиот Црвен крст организира хуманитарна театарска претстава, наменета за деца од прво до шесто одделение.

Актери од Босна и Херцеговина во на 1 ноември во Центарот за култура во Охрид ќе ја одиграат претставата „Светот на вљубената пчела“, а средствата собрани од продажбата на влезниците по цена од 150 денари, ќе бидат наменети за населението на реоните Јабланица и Коњиц што беа најпогодени со поплавите. аб/дма/

фото: плакат

 

Остани поврзан