„Имам куќа на Пелистер“ – хуманитарен новогодишен базар на Пелистер
- Јавната установа Национален парк „Пелистер“ претпладнево во дворот на својот Информативен туристички центар организира хуманитарен новогодишен базар „Куќа имам на Пелистер – вкусот на Пелистер“.
Битола, 22 декември 2024 (МИА) - Јавната установа Национален парк „Пелистер“ претпладнево во дворот на својот Информативен туристички центар организира хуманитарен новогодишен базар „Куќа имам на Пелистер – вкусот на Пелистер“.
Настанот е со цел да ја обедини целата туристичка понуда на Пелистер и со свои содржини ќе се презентираат повеќе од 20-на локални производители на храна и пијалоци, ресторани, хотели, кафе барови, туристички агенции и лица кои нудат дополнителни туристички содржини, најави организаторот.
Од СВР Битола апелираат граѓаните кои имаат намера да престојуваат на Пелистер денеска да се воздржат од користење на патнички моторни возила, односно да го користат бесплатниот јавен превоз кој ќе почне во 10:15 часот од автобуските стојалишта Ат-пазар, Шехерезада, Црн Мост, Довлеџик, Спортска сала, Болница и Нов пазар.
Манифестацијата „Имам куќа на Пелистер – вкусот на Пелистер“ ќе ја отворат градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈУНПП „Пелистер“-Битола, Иванчо Тошевски. мт/аа/
Фото/плакат: ЈПНП „Пелистер“