• понеделник, 20 мај 2024

Адвокатот Васко Стојков се уште на распит во полиција, кривична пријава ќе биде поднесена против возачот со кој Палевски замина во Турција

Адвокатот Васко Стојков се уште на распит во полиција, кривична пријава ќе биде поднесена против возачот со кој Палевски замина во Турција

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се уште трае распитот на адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, замина во Белград.

- Адвокатот е задржан на распит којшто се уште трае во рамките на 24-часовното задржување и кога ќе заврши службите ќе одлучат што понатаму, рече Спасовски во Охрид.

Во однос на возачот кој го превезуваше Палевски во Турција и кој беше приведен на влез во земјава на граничен премин кај Дојран, Спасовски рече дека ќе биде поднесена кривилчна пријава.

- Согласно она што го имаме потврдено, службите ме информираа дека ќе се поднесе кривична пријава, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на СВР-Охрид. аб/бак/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан