• среда, 12 јуни 2024

Неготино го одбележа Денот на пожарникарите 

Неготино го одбележа Денот на пожарникарите 

Неготино, 20 мај 2024 (МИА) - Неготино го одбележа Денот на пожарникарите, а неготинскиот градоначалник Горан Стојанов ја посети Територијалната противпожарна единица.  

- Остварив средба со пожарникарите по повод одбележувањето на 20 Мај, Денот на македонските пожарникари. Посетата ја искористив на сите вработени од оваа единица да им честитам, но исто така и да им се заблагодарам за пожртвуваноста и високиот степен на професионалност при извршувањето на нивните секојдневни задачи и работни обврски. Сите ние како општествени чинители имаме обврска да ги вреднуваме активностите и резултатите од работата на пожарникарите, а дополнително како локална самоуправа, должни сме да им обезбедиме и подобри услови за работа преку осовременување и збогатување на возниот парк и опремата за работа, што всушност и го правевме во континуитет, подвлече Стојанов.

Тој додаде дека во изминатиот период вработените во ТППЕ Неготино секогаш беа и се на висината на задачите.

- Честитајќи им го празникот им посакувам да имаат што е можно помалку работа, а доколку се јави потреба од нивна интервенција, таа да биде брза и ефикасна, истакна градоначалникот. свд/мд/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Горан Стојанов 
 

 
 

 

Остани поврзан