МВР Билтен (ДПЛ)
- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Х.С.(54) од Лозово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - На 19.05.2024 во 23.20 часот на улица „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(36) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на истата улица, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е здржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера (18/19.05.2024) во периодот од 24.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 9 возачи (ТЕ-6 и ГВ-3) кои управувале возила под дејство на алкохолот, од кои 7 возачи со присуство на алкохол во крвта до 1 промил, 1 возач до 1.5 промили алкохол во крвта и 1 возач одбивал да изврши алкотест. При контролата, исто така, биле констатирани и санкционирани 11 (ТЕ-7 и ГВ-4) други видови на сообраќајни прекршоци.
На 19.05.2024 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што биле откриени и санкционирани вкупно 14 возачи (ТЕ-9 и ГВ-5) за пречекорувања на пропишаната брзина надвор од населено место. Санкционирани се и 28 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-11). На возачите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци.
На 19.05.2024 во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Х.Г.(41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување на употреба на наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.04.2023, полициски службеници го затекнале пријавениот со уште едно лице при користење наркотични дроги, а при преглед на возилото, исто така, била пронајдена и одземена фолија со остатоци од прашкаста материја.
На 19.05.2024 во 22.00 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Богданци - Гевгелија, на место викано „Трнката“, патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(22) од село Моин, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Б.(65) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.09.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и девет метри бавногоречки фитил без ознака.
На 19.05.2024 во 21.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга, мотоцикл „кавасаки“ со струшки регистарски ознаки, управуван од В.М.(26) од Струга, излетал од патот. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Т.(29) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.01.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.
На 19.05.2024 околу 15.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово - с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Е.(62) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. На 07.01.2024, при извршена сообраќајна контрола, било констатирано дека на возилото кое го управувал пријавениот, биле поставени регистарски таблички од друго возило.
На 19.05.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(73) од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево пронашол залутано зрно од огнено оружје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Л.(37) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 15.05.2023 во основно училиште во Битола, пријавениот физички нападнал наставничка и еден ученик.
На 19.05.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.П.(21) и Б.Т.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Х.С.(54) од Лозово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На 15.03.2024 во с.Дорфулија, пријавениот зазел земјиште со вкупна површина од 4.456 метри квадратни на Република Северна Македонија.
На 19.05.2024 во 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Гази Баба во Скопје била пронајдена почината А.Н.(70) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Г.(40) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. На 20.02.2024 во семејниот дом во тетовско село, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.
Денеска (20.05.2024) во 09.50 часот во Полициската станица Карпош, Ф.Д.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Трнодол“ од Скопје бил каснат од куче скитник.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Kичево поднесе кривична пријава против А.Х.(45) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 25.04.2024, пријавениот агресивно се однесувал и упатил навредливи зборови кон малолетник.