• среда, 24 април 2024

Во Ловеч почнуваат прославите за 45-годишнината од летот на првиот бугарски космонаут Георги Иванов

Во Ловеч почнуваат прославите за 45-годишнината од летот на првиот бугарски космонаут Георги Иванов

Ловеч, 22 март 2024 (БТА) - Од денеска во Ловеч започнуваат прославите за 45-годишнината од летот на првиот бугарски космонаут Георги Иванов, најави градоначалникот на општината Страцимир Петков на прес-конференција во Националниот прес-клуб на БТА во градот на јоргованот.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Пред зградата на општината е поставена изложбата на Регионалниот историски музеј - Ловеч, „Летот на првиот Бугарин во вселената“. Таа ја прикажува историјата на космонаутиката од 1957 година до достигнувањата на модерната наука.

Акцентот е ставен на животниот и професионалниот пат на ловечкиот генерал-потполковник Георги Иванов. Посебни табли ги информираат посетителите за неговите детски години во квартот Вароша, преминуваат низ воениот рок за да стигнат до вистинската подготовка, летот Сојуз-33 и драматичното спуштање на спасувачката капсула.

Додадена е информација поврзани со летот на бригадниот генерал Александар Александров, истражувањата на ловчалијата на академик Димитар Мишев, учеството на бугарските научници и бугарските пронајдоци во бројни меѓународни програми.

БТА потсетува дека првиот бугарски космонаут Георги Иванов е избран за космонаут во втората група од програмата „Интеркосмос“ на 1 март 1978 година. Една година подоцна, на 10 април, во 20:34 часот по московско време, во орбитата околу Земјата беше лансиран Вселенскиот брод „Сојуз-33“ со меѓународна екипа - командант Николај Рукавишников и космонаутот Георги Иванов.

Свечената церемонија за годишнината ќе биде на 10 април. Организатор на настаните е општина Ловеч, а медиумски партнер Бугарската телеграфска агенција (БТА).

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

Остани поврзан