• четврток, 30 мај 2024

Историски успех за сепаратистите во шпанска Баскија

Историски успех за сепаратистите во шпанска Баскија

ДПА

22 Април 2024

Сепаратистичката левичарска коалиција ЕХ Билду прослави историски успех на вчерашните регионални избори во Баскија.

Со преброени околу 95 отсто од гласовите, алијансата, која се залага за независност на регионот на северот на Шпанија, освои 27 места – шест повеќе од последното гласање во 2020 година, кога ЕХ Билду, основана во 2012 година, постигна најдобар резултат во својата досегашна историја со 21 место.

Сепак, сепаратистите ќе останат во опозиција, бидејќи доцна синоќа стана јасно дека владината коалиција меѓу центристичката Баскиска националистичка партија (ПНВ) и Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез ќе продолжи да владее.

Со повеќето преброени гласови, се чинеше дека ПНВ ќе освои 27 места, што заедно со 12-те на ПСОЕ ќе и дадат на владејачката коалиција апсолутно мнозинство од 39 од 75 места во парламентот во Виторија, соопшти изборната власт.

Доколку се потврдат резултатите, коалицијата би изгубила две места.

Како и ЕХ Билду, која има поранешни членови на распуштената терористичка организација ЕТА во своите редови, ПНВ, исто така, бара поголема самоопределба за регионот од централната влада во Мадрид, но е помалку радикална во својот пристап.

Ињиго Уркулу, кој е претседател на баскиската влада од 2012 година, овој пат повеќе не се претставуваше како водечки кандидат. Тој најверојатно ќе биде заменет на чело на владата од неговиот партиски колега Иманол Прадалес.

Подземната група „Euskadi Ta Askatasunа“ (ЕТА), што во превод значи „Земја на Баскија и слобода“, е основана во 1959 година. Таа со децении се бореше за независна Баскија, извршувајќи околу 3.000 напади во кои загинаа 857 луѓе, а 2.600 беа повреден.

Откако ја прекина вооружената борба во 2011 година, ЕТА најави самораспуштање во 2018 година.

Баскија сега е една од најпросперитетните шпански comunidades autónomas – или автономни заедници. ЕТА е основана во 1959 година. Таа со децении се бореше за независна Баскија, извршувајќи околу 3.000 напади во кои загинаа 857 луѓе, а 2.600 беа повреден.

Фото: ЕПА-Генералниот координатор на баскискиот ЕХ Билду Арналдо Отеги ги анализира резултатите од општите избори

Остани поврзан