• петок, 21 март 2025

MaxBet донира 20.000 евра за помош на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани

MaxBet донира 20.000 евра за помош на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани

Белград, 20 март 2025 (МИА) -   Сочувствувајќи со семејствата на жртвите и сите граѓани на Северна Македонија погодени од трагичниот пожар што се случи, компанијата MaxBet изразува длабоко жалење за оваа несреќа и изразува искрено сочувство до сите кои ги загубија своите најблиски. Во духот на солидарноста и поддршката, MaxBet донира 20.000 евра на банкарска сметка отворена од Црвениот крст на Србија, наменета за помош на семејствата кои претрпеа непоправлива загуба, јави МИА.

„Како дел од заедницата, веруваме дека е важно да покажеме блискост и солидарност во моменти на голема тага и предизвик. Оваа донација е израз на нашата искрена желба да ги поддржиме семејствата кои минуваат низ исклучително тежок период и да придонесеме, барем симболично, во напорите да им се обезбеди помош што им е најпотребна сега. „Веруваме дека токму во вакви моменти е најважна моќта на заедништвото“, рече Саво Бакмаз, извршен директор на MaxBet, пренсоа белградски медиуми.

Со таа донација MaxBet сака да поттикне други компании, организации и поединци да се приклучат на хуманитарната акција и според нивните можности да им пружат помош на погодените од оваа трагедија.зш/

Остани поврзан