Пожарот во Лондон е ставен под контрола
- Пожарот што денеска го затвори лондонскиот аеродром Хитроу, сега е под контрола, соопшти противпожарната служба на Лондон.

Лондон, 21 март 2025 (МИА) – Пожарот што денеска го затвори лондонскиот аеродром Хитроу, сега е под контрола, соопшти противпожарната служба на Лондон.
Во објава на Х службата додава дека ќе почне истрага за случајот.
Пожарот избувна на електрична трафостаница која го снабдува со струја аеродромот, во Хејс, западен Лондон.
Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во голем број домови и локални бизниси. Пожарникарите евакуираа 29 лица од соседните имоти и беше воспоставен кордон од 200 метри како мерка на претпазливост, при што беа евакуирани околу 150 луѓе. Поради големиот чад, жителите беа советувани да ги држат прозорците и вратите затворени.
Пожарникарите биле повикани во 23:23 часот, а екипи од Хејс, Хитроу, Хилингдон, Саутхол и околните противпожарни станици биле испратени на местото на настанот. јт/
Фото: ДПА