• сабота, 23 ноември 2024

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

 

 

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за вчерашниот ден, 27 јануари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 169,73 евра/mwh.

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 190,88 евра за мегават час.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јануари до сега, (baseload till date) изнесува 147,00 евра за мегават час, што е за околу 114 евра пониска од цената по која што електрична енергија се тргуваше во текот на декември.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

 

 

Тагови

Остани поврзан