• вторник, 04 март 2025

Поточиња 2025 на 12 и 13 април во Филхармонија

Поточиња 2025 на 12 и 13 април во Филхармонија

На 12 и 13 април во Филхармонија по 22. пат на големата сцена ќе блеснат единствените "Поточиња" и ќе ја донесат омилената детска музичка приказна на сите генерации. Со многу љубов и внимание подготвивме нови песни кои со нетрпение чекаме да Ви ги отпееме, а фантастичниот Поки (актерот Мартин Јорданоски) е задолжен за атмосферата на фестивалските денови да биде на највисоко ниво. Затоа, Ве каниме сите заедно да играме, да пееме, да се смееме, да се радуваме и да се забавуваме!

 

Билети во продажба преку мрежата МК Тикетс и онлајн на следниот линк: https://mktickets.mk/event/potocinja-2025/

 

Цена на билет до 28 март - 400 денари

Цена на билет од 29 март - 450 денари

 

 

Минатогодишното издание Поточиња 2024 одржа дури седум фестивалски претстави во Филхармонија на кои присуствуваа над 6 500 деца. Чекајќи го новото издание се потсетуваме како изгледаше Поточиња 2024.

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан