• понеделник, 03 март 2025

КаСис овозможува безбедни плаќања со виртуелни картички

КаСис овозможува безбедни плаќања со виртуелни картички

Скопје, 28 февруари – Во согласност со глобалните трендови во дигиталното банкарство, КаСисја понуди услугата за плаќање со виртуелни картички, кои им овозможуваат на корисниците побрзо, побезбедно и подостапно користење на платежните услуги.

Виртуелната картичка е дигитален еквивалент на физичката платежна картичка и содржи 16-цифрен PAN број, CVV2 код и датум на важност. Овие податоци, заради безбедност, не се зачувуваат во мобилната апликација, но се достапни по барање на корисникот преку апликацијата на банката. Виртуелните картички може веднаш да се користат за онлајн плаќања, што значително го забрзува процесот на дигитален онбординг и овозможува поголема финансиска флексибилност.

Благодарение на RealTimeCMS (RTCMS) системот, банките можат да понудат:

·         Виртуелизација (токенизација) на постоечка картичка – за дигитално користење без физичка пластика.

·         Издавање на виртуелни картички во реално време – со можност за печатење на физичка картичка доколку е потребно.

·         Приказ на картичните податоци во реално време – за брз и безбеден пристап при секое онлајн плаќање.

„КаСис континуирано работи на унапредување на дигиталното искуство на клиентите, а виртуелните картички се чекор напред во таа насока. Со ова решение, банките им овозможуваат на своите корисници поголема удобност, безбедност и брзина при финансиските трансакции. Дигитализацијата не е само тренд, туку неопходност во модерното банкарство, а ние сме горди што ги носиме овие иновации на македонскиот пазар“, изјавија од КаСис.

Со имплементацијата на оваа услуга, КаСис ја зацврстува својата водечка позиција во дигитализацијата на платежните услуги, поддржувајќи ги партнерските банки во трансформацијата кон побрзи и побезбедни финансиски решенија.

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан