• среда, 25 декември 2024

Јонхап: Ким Џонг-ун не се појавува во јавност поради страв од коронавирус

Јонхап: Ким Џонг-ун не се појавува во јавност поради страв од коронавирус
Пјонгјанг, 10 февруари 2020 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е отсутен од јавниот живот подолго од две недели поради страв од ширење на коронавирусот, иако во неговата земја не е забележан ниту еден случај на зараза, објави јужнокорејската агенција Јонхап. Ким последен пат е виден во јавност на концерт по повод прославата на Лунарната нова година на 25 јануари. За разлика од претходно, оваа година Ким не присуствуваше ниту на одбележувањето на 72-годишнината од основањето на војската, кој е еден од најголемите празници во Северна Кореја. Јонхап наведува дека не е познато зошто Ким нема јавни активности, но неговото отсуство би можело да има врска со загриженоста од коронавирусот. Северна Кореја ги презема сите мерки за да спречи вирусот да стигне во земјата. гт/

Остани поврзан