• сабота, 09 ноември 2024

Јапонија и Австралија потпишаа договор за соработка во одбраната

Јапонија и Австралија потпишаа договор за соработка во одбраната
Мелбурн, 6 јануари 2022 (МИА) - Јапонија и Австралија денеска потпишаа договор за соработка во одбраната, како последен чекор во зајакнувањето на меѓусебната безбедност поради зголемувањето на воената и економската моќ на Кина. Јапонскиот премиер Фумио Кишида и неговиот австралиски колега Скот Морисон на денешниот виртуелен самит се согласија дека двете земји треба да ја зајакнат соработката во области како што се кибер, вселенска и економска безбедност, изјави јапонски претставник. Потпишаниот Договор за меѓусебен пристап (РАА), на кој двете земји работат неколку години, им овозможува на австралиските и јапонските армии да соработуваат во одбранбените и хуманитарните операции. Австралија соработува со Јапонија, Индија, САД и Велика Британија во зајакнувањето на одбранбените врски поради загриженоста за Кина, особено поради нејзиното влијание врз Тајван, слободната пловидба во регионот и трговските спорови. Единствениот воен договор што Јапонија го има досега е оној со САД, договор за статусот на силите, кој датира од 1960 година и ѝ дозволува на американската војска да ги стационира своите воени бродови, борбени авиони и илјадници војници во и околу Јапонија. паг/  

Остани поврзан