• сабота, 23 ноември 2024

Северна Кореја ги попречува GPS сигналите во Јужна Кореја

Северна Кореја ги попречува GPS сигналите во Јужна Кореја

Сеул, 9 ноември 2024 (МИА) - Северна Кореја од вчера спроведува кампања за блокирање на ГПС сигналите што погоди неколку бродови и десетици цивилни авиони во Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската војска.

„Северна Кореја вчера и денеска изведува провокативно попречување на ГПС сигналите“, се наведува во соопштението на Здружениот генералштаб на јужнокорејската војска, додавајќи дека бродовите и десетици цивилни авиони претрпеле „одредени оперативни прекини“.

Војската ги повика на внимателност јужнокорејските цивилни бродови и авиони што патуваат во и над Жолтото Море, меѓу Кина и Корејскиот Полуостров.

„Ја повикуваме Северна Кореја веднаш да престане со провокациите со ГПС и ја предупредуваме дека ќе биде одговорна за сите проблеми што ќе се појават“, додаде јужнокорејската војска.

ГПС пречките се состојат од емитување непознати сигнали кои ги заситуваат ГПС приемниците и ги прават неупотребливи за навигација.

Јужна Кореја во последните неколку години постојано ја обвини Северна Кореја дека спроведува ваков тип на попречување од нејзина територија. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан