• четврток, 07 ноември 2024

Јанчев: Место дома да произведуваме храна, на полето никнуваат згради и фотоволтаици

Јанчев: Место дома да произведуваме храна, на полето никнуваат згради и фотоволтаици

Скопје, 1 јуни 2024

Нам цело поле ни е празно. Пелагонија е празна, Струмичко-радовишката котлина е празна, Гевгелиско-валандовската котлина е празна. Во Гевгелија и во цела држава на земјоделското земјиште никнаа фотоволтаици и згради. Станавме народ што сам не си ја вади храната. На овој проблем треба да работиме, потенцираше пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, во гостувањето во ,,Клан дебата".
 
Според Јанчев, не може да има ,,наша Македонија", ако таа е на олигарсите и ако во меѓународните односи власта продолжи да коленичи кај ќе стигне, а тоа се правеше и се прави.

Уште не можам да разберам како тука уште постои опција за преговарање, за некој европски пат, па некои, не знам какви, услови. Што не сменивме? Од Устав менување, од знаме менување, од име менување, од откажување од малцинства... Тие услови на ниту една држава во Европска Унија не ѝ се понудени. Знаете сега што прават Бугарија и Грција? И тоа под покровителство на Европска Унија... Тие, освен што газат академска слобода, сакаат и преку некоја историска комисија да диктираат научниците тука како ќе ја гледаат историјата, а преку тоа сакаат нам да ни изиграваат и полиција на мислата на цел еден народ! Овие работи се завршени во меѓународниот поредок. Универзалната декларација за човекови права од 1948 година, академската слобода и слободата на мисла се завршена работа. Ние треба прво дома да си го завршиме домашното - додаде Јанчев.

Политичка партија Левица

_________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан