• понеделник, 23 декември 2024

Регионална конференција на тема „Борба против бездомништвото - општествени одговори и одговорности"

Регионална конференција на тема „Борба против бездомништвото - општествени одговори и одговорности

Скопје, 22 ноември 2024

На 20 и 21 ноември 2024 во Скопје во организација на трите партнерски организации Македонски Каритас, ЗГ Љубезност и АДРР – Сонце, се одржа Регионална конференција на тема "Борба против бездомништвото - општествени одговори и одговорности", во рамките на проектот Грижи се II - Интегрирана социјална и здравствена заштита за ранливото население во С. Македонија. На конференцијата учествуваа експерти, професори, практичари кои работат во областа на бездомништвото во регионот, како и претставници од невладини организации, министерства, институции и други засегнати страни кои делуваат во областа на борбата против бездомништвото. 

Конференцијата ја отвори г-дин Харалд Фугер, аташе, претставник на Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи, кој во воведедниот говор ја нагласи важноста за борбата против бездомништвото. Исто така, воведни обраќања имаа  советникот г-дин Метин Лиман, претставник од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Македонија, Вера Викторија Молл - претставник на Каритас Австрија и о. Зоран И. Стојанов – директор на Македонски Каритас.

Свое излагање за состојбата во бездомништвото во Македонија за официјалните податоци и предизвици имаше проф. Весна Стефановска, понатаму за моменталните одговори на состојбата со бездомништвото зборуваше г-ѓа Весна Станковска од ЗГ Љубезност, за стамбената политика во Македонија свое излагање имаше г-ѓа Наташа Станојевиќ, државен советник за политики за социјална заштита, за состојбата со лицата без документи зборуваше правник г-ца Џелјан Велиу и др. Стојан Бајрактаров зборуваше за менталното здравје и одговорите на здравствениот систем. 

За борбата против бездомништвото од регионот свои излагања имаа претставници од Словенија, Хрватска и Србија. Во однос на актуелните пракси и поддршката на бездомниците во Словенија, зборуваше Бојан Куљанац од Организацијата за помош и само помош на бездомници – Kralji ulice. За состојбата со бездомништвото и превенција од бездомништво во Хрватска, свое излагање имаа Хелена Бабиќ и Матеа Блахо Вале, претставници од Здружение Аја Пула. За активностите и поддршката на бездомниците во Србија, свои излагања имаа Игор Митровиќ и Нина Богдановиќ претставници на ADRA Србија. Во однос на состојбите со бездомништвото во Македонија зборуваше г-дин Тони Станковски од ЗГ Љубезност. 

Од страна на експертот Звонко Млинар беше презентиран примерот на добра пракса од Хрватска, во однос на усвојувањето на национална стратегија за борба против бездомништвото. Дополнително од страна на регионалните експерти, низ интерактивна дискусија беа споделени позитивни примери и пракси, но исто така и предлози и препораки во однос на намалување на состојбата со бездомништвото во Македонија, но и во регионот. 

Конференцијата беше одлична можност за градење нови партнерства и можности за идна соработка во однос на заедничка борба, превземање на заеднички акции и делување против бездомништвото. 

                                                                               

Македонски Каритас

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: Македонски Каритас

Остани поврзан