• петок, 26 јули 2024

Ѓорческа елиминирана во првото коло на Ролан Гарос

Ѓорческа елиминирана во првото коло на Ролан Гарос

Париз, 21 мај 2024 (МИА) - Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на Ролан Гарос.

Ѓорческа беше поразена со 2:1 во сетови уште во првото квалификациско коло од страна на домашната тенисерка Марго Рувроа. Французинката, 285-та на ВТА листата, подобро се снајде на соочувањето на „Сузан Ленглен“.

Марго го доби првиот сет со 6:2, нашата тенисерка возрвати со 7:5, за да во третиот Ѓорческа изгуби со 6:3 иако прва дојде до брејк. дс

Фото: Архива

Остани поврзан