• вторник, 03 декември 2024

Анри: Сакам Франција што побрзо да излезе од групата на Олимпијадата

Анри: Сакам Франција што побрзо да излезе од групата на Олимпијадата

Париз, 26 јули 2024 (МИА) - Тренерот на францускиот олимписки фудбалски тим, Тиери Анри на прес-конференција во петокот изјави дека на таков турнир, тимовите се обидуваат што побрзо да се квалификуваат во нокаут фазата. 

„Петлите“ ќе се пласираат во четвртфиналето со успех над селекцијата на Гвинеја в сабота на мечот во Ница од 21 часот по победата против САД (3:0).

-Кога учествуваш на турнир, се трудиш да се квалификуваш што е можно побрзо. Но, мора да го земеме предвид и фактот дека игравме пред три дена на многу топло време. На почетокот на сезоната ниту еден фудбалер не е навикнат да игра толку често и тоа мора да го земеме предвид, изјави Анри. дс

Фото: Архива

Остани поврзан