• понеделник, 23 декември 2024

Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос

Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос

Париз, 4 јуни 2024 (МИА) - Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото, соопштија денеска организаторите на турнирот.

Српскиот тенисер вчера во осминафиналето го совлада Аргентинецот Франциско Серудола со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3.

На тој натпревар Ѓоковиќ почувствува болка во пределот на десното колено. дс

Фото: Архива

Остани поврзан