Шумски пожар во Грција во близина на граничниот премин Богородица
- Шумски пожар избувна во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 17 јули 2024 (МИА) – Шумски пожар избувна во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот, јави дописничката на МИА од Атина.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.
Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата. ср/ев/