На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
- На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето на возилата од македонска страна е од 15 - 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Скопје, 20 јуни 2025 (МИА) - На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето на возилата од македонска страна е од 15 - 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/
ФОТО: Архива