• петок, 22 ноември 2024

Штипскиот универзитет промовираше 17 доктори на науки

Штипскиот универзитет промовираше 17 доктори на науки
Штип, 18 април 2022 (МИА) - На Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска беа промовирани 17 доктори на науки. По две и пол годишната пандемија се поделија дипломи на трет циклус студии и беа промовирани докторите на науки кои изминатиот период докторирале во разни области. Честитка по повод докторирањето упати и ректорот на Универзитетот, Блажо Боев. Со титула „Доктор на техничко – технолошки науки, насока применета геологија и геофизика“ се стекна Лазар Ѓоргиев. Доктор на технички науки е Митко Јанчев, а доктор на технички науки од областа на рударството е Фрашер Брахимај, како доктор по стоматолошки науки беа промовирани Данило Крстевски и Александар Андреевски, а доктор на фармацевтски науки од областа на Аналитика на лекови е Милкица Јанева. Промовирани доктори на фармацевтски науки се и Дрита Узеири Хавзиу и Арменд Јашари. Диплома за доктор по технички науки од областа на науката и технологијата на композитни материјали добија Билјана Костадиноска, Дијана Цветкоска и Самоил Самак. Меѓу промовираните се и пет доктори на технички науки од областа на информатиката, и тоа: Бисерка Петровска, Александар Велинов, Ристе Тимовски, Александра Стојанова и Мирјана Коцалева. Со диплома „доктор на науки по туризам и угостителство“ се стекна Дарко Мајхошев. Доктор на медицински науки е Мирела Василева. -Не се наоѓате на МИТ Бостон, не сте на Стенфорд, не сте ниту на Институтот за Технологија во Калифорнија, туку сте на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, сепак сте на еден елитен универзитет, бидејќи во склоп на сите универзитети во светот, околу 30.000, ние припаѓаме во 10 отсто од тие по својот квалитет. Немојте да имате сомнение дека сте на правото место, дека дипломата е добиена на правото место, им порача Боев. Дипломите на промовираните доктори на науки беа издадени во изминативе две и пол години по посебна постапка. вдј/вј/

Остани поврзан