• сабота, 23 ноември 2024

Над милион ипол денари за реконструкција на водоводна и фекална мрежа на улица ,,Кирил и Методиј" во Демир Капија 

Над милион ипол денари за реконструкција на водоводна и фекална мрежа на улица ,,Кирил и Методиј

Демир Капија, 27 јули 2024 (МИА) - Над милион ипол денари се вложуваат за реконструкција на водоводна и фекална мрежа на улица ,,Кирил и Методиј" во Демир Капијa, информираше вечерва демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. 

- Потпишан е договор со изведувачот РМК ГРАДБА АС ДООЕЛ за реконструкција на фекална канализација и водоводна линија на ул.Кирил и Методиј во Демир Капија. Вкупната вредност на договорот изнесува 1.609.555,40 денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од буџетот на општина Демир Капија. Должината на фекалната канализација опфатена во оваа инвестиција изнесува 326,38 метри, додека должината на водоводната линија изнесува 261,55 метри. Градежните активности се очекува да започнат наредните денови и инвестицијата ќе биде реализирана во предвидениот рок во зависност од временските услови, соопшти Петров. 

Тој нагласи дека инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за унапредувањето и заштитата на животната средина, со што се овозможува подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на општина Демир Капија. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Лазар Петров 

Остани поврзан