• сабота, 20 јули 2024

Шефчович: Договорите ја отвораат вратата за најголемите странски инвестиции во историјата на Србија

Шефчович: Договорите ја отвораат вратата за најголемите странски инвестиции во историјата на Србија

Белград, 19 јули 2024 (МИА) - Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович, рече дека договорите потпишани денеска во Белград дополнително ќе го нагласат партнерството меѓу ЕУ и Србија. Тој нагласи дека со нив се отвора вратата за најголемите странските директни инвестиции во историјата на Србија, јавија белградските медиуми.

„Зборуваме за историски ден за Србија, како и за Европа“, рече Шефчович, по потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу ЕУ и Србија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила. потпишан во име на ЕУ.

Тој посочи дека со потпишувањето на Меморандумот и Србија и ЕУ веќе докажуваат дека веќе живеат во ера на чиста технологија.

Шефчовиќ, одговорен за Европскиот зелен договор, денеска во Белград тврдеше дека системот за ископ на литиум е добро разгледан и дека најдобрите практики ќе се користат и во Србија.

Ископувањето на литиум ќе започне, додаде тој, во Србија бидејќи е „најнапредно во подготовките“, иако проекти се подготвуваат и во Финска, Чешка и Португалија.зш/

Остани поврзан