• сабота, 23 ноември 2024

Убиена поранешна пратеничка во украинскиот парламент и лингвист Ирина Фарион

Убиена поранешна пратеничка во украинскиот парламент и лингвист Ирина Фарион

Киев, 20 јули 2024 (МИА) - Поранешната пратеничка во украинскиот парламент и лингвист Ирина Фарион (60), позната по кампањата за одбрана на украинскиот јазик, беше убиена синоќа, а полицијата започна масовна потера по напаѓачот кој ја застрелал на улица во западниот град Лавов. 

Регионалниот гувернер на Лавов, Максим Козицки изјави на Телеграм дека Фарион починала откако била пренесена во болница. 

Министерот за внатрешни работи, Игор Клименко претходно изјави дека пукањето се третира како обид за атентат. мс/

Фото: Википедија

Остани поврзан