• вторник, 28 јануари 2025

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава

Скопје, 27 јануари 2025 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава.

Упатувајќи срдечни честитки за празникот Свети Сава ‒ Националниот ден на Србите во Македонија, се вели во честитката, најискрено посакувам големиот празник да го поминете во хармонија и во радост, исполнети со љубов и среќа.

Сиљановска-Давкова подвлекува дека Свети Сава несомнено е еднa од наjзначајните личности во српската национална, образовна, културна и духовна историја. Првиот српски архиепископ остави дело кое ги надминува националните граници и како такво е почитувано од сиот православен словенски свет.

- Празникот посветен на Свети Сава е убава можност да го афирмираме значењето на културата и просветителството, и повод да ја зајакнеме и продлабочиме соработката и комуникацијата како меѓу себе така и со нашите соседи. Токму српската заедница во Македонија, како и македонската во Србија, се дополнителен мотив за градење и за негување блиски и пријателски односи меѓу двете држави, вели во честитката претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. цр/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан