• сабота, 27 јули 2024

Честитка од Костадиновска-Стојчевска по повод Денот на македонската револуционерна борба

Честитка од Костадиновска-Стојчевска по повод Денот на македонската револуционерна борба

Скопје, 23 октомври 2023 (МИА) - На 23 Октомври ја чествуваме македонската револуционерна борба и сме свесни дека таа наша борба живее во мислите на секој македонски граѓанин, секој ден, со секое сеќавање и со секоја наша мисла за подобро утре, напиша на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод Денот на македонската револуционерна борба.

Таа во честитката посочува дека со секое спомнување и сеќавање на македонската борба се инспирираме од мисијата на цела плејада личности кои низ вековите ги вложија своите ангажмани и животи во создавањето и чувањето на македонскиот идентитет и на македонската држава.

-Нашата мотивација за денешната современа македонска борба се токму визионерите кои ги препознаа историските моменти да преземат одговорност и да носат големи одлуки за доброто на народот.
Така беше трасирана иднината за народот на Македонија во револуционерниот период, за да живее во своја држава, еднаква со сите други на меѓународната сцена, со стремеж еден ден да бидеме горда земја членка на заедницата на европските народи, напиша министерката Костадиновска-Стојчевска. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан