• вторник, 24 декември 2024

Чајот и маслото од нане нудат повеќе придобивки

Чајот и маслото од нане нудат повеќе придобивки
Скопје, 30 јули 2021 (МИА) - Чајот од нане помага во „битката“ против лошиот здив, како што посочуваат последните истражувања. Имено, за тоа е доволна една „гаргара“ со чај од нане и лимон дневно... Следат уште неколку придобивки од нането. Истражувањата покажуваат и дека маслото од ова растение има антибактериски својства кои може да помогне во спречување на заболувања непца и на забен камен. Аромата на чајот може да ги ублажи симптомите на мигрена. А исто така, може да го отне носот и да ги ублажи инфекциите на горниот респираторен тракт, како и маслото од нане. Натаму, тука е и пријатното влијание при вознемирен стомак и гасови. Ги олеснува и грчевите во мускулите при менструација кај жената. Чајот не содржи кофеин, но има позитивно влијание врз умствената способност. Истражување на Универзитетот во Нортамбрија покажа дека нането го подобрува расположението и памтењето. Испитувањата опфатиле 180 лица. И при проблеми со вишок килограми, чаша чај од нане обезбедува чувство на ситост во текот на денот. На овој начин ќе избегнете внесување вишок калории и многу веројатно - ќе ослабите.  си/

Остани поврзан