Видеосимулацијата „Ренспорт“ со издание и за конзоли
- Видеоиграта првично беше пуштена за на компјутер во 2023 година, па премина од затворена „бета-верзија“ на почетокот на 2024. до отворена „бета“ летово што измина.

Париз, 7 март 2025 (МИА) - Компаниите „Компетишн компани“ (Competition Company) и „Тејон студиос“ (Tayon Studios) објавија дека нивната симулација на возење „Ренспорт“ (Rennsport) веќе не е ексклузивна за компјутерите. Оваа година ќе има издание и за конзолите за игри од деветтата генерација, велат оттаму.
Видеоиграта првично беше пуштена за на компјутер во 2023 година, па премина од затворена „бета-верзија“ на почетокот на 2024. до отворена „бета“ летово што измина. Она што како платформа го задржа е - да биде додаток на престижни е-спортски настани, како што е серијата „ЕСЛ Р-1“ поддржана од Саудиска Арабија, како и настанот на Светскиот куп на „Еспортс“ (Esports) што се одржа во саудискиот главен град Ријад лани.
Најавата за конзолната верзија на видеоиграта, занимливо - доаѓа од неочекуван извор: Годишниот настан на француската компанија „Некон“ (Nacon). Така, се чини, конзолната верзија ќе се издава под претстојниот наслов „Ендјуранс моторспорт сериес“ (Endurance Motorsport Series).
- Оваа возбудлива претстојна симулација е дел од нашиот план да ја зголемиме тркачката поделба на „Некон“ и да понудиме широк спектар на игри, за да ги задоволиме потребите на сите видови гејмери, вклучително и оние кои сакаат да се тркаат на некои од највозбудливите патеки во светот, изјави Себастијен Ваксин, претставник на компанијата.
Иако сè уште нема датум за издавање на видеоиграта, познато е дека „Ренспорт“ ќе поддржува целосно вкрстена игра, достапна истовремено за корисниците на компјутери, „Икс-бокс“ и на „Плејстејшн 5“. си/
Фото: Јутјуб, фотоисечок