• сабота, 27 јули 2024

ЦУК: Активни се 13 пожари, изминатото деноноќие имаше 24 пожари на отворено

ЦУК: Активни се 13 пожари, изминатото деноноќие имаше 24 пожари на отворено

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека во последното деноноќие имало 24 пожари на отворено, како и дека 13 од нив се сè уште активни, а се гасат и од земја и од воздух со сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји.

Оттаму посочија дека активен е пожарот во неготинското село Калањево каде што гориниско стеблеста шума и грмушки.

Претседателката Гордана Силјановска - Давкова, како што информираат од ЦУК, денеска во 12:00 часот ќе ги посети припадниците на Армијата кои учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта кај неготинското село Калањево.

Исто така, активен пожар има и во општина Гевгелија, поточно помеѓу селата Негорци и Кованец, каде гори мешана шума, кај селото Штурово во општина Радовиш гори ниско стеблесна шума, во општина Чашка, поточно кај селата Јаболчишта и Дреново врв Лисец гори високостеблеста вегетација, а во општина Росоман кај селата Сирково и Подлест гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

-Во општина Студеничани на место Бегово Поле гори ниска вегетација и шума, во општина Зелениково кај селото Вражале гори ниска вегетација и шума, во општина Штип помеѓу селата Драгоево и Селце на местото Хаџи Реџепи гори ниска вегетација и грмушки, во општина Чашка кај село Габровник префрлен е пожар од село Слепче, каде гори мешана шума и ниска вегетација, а во општина Долнени, поточно кај селата Слепче и Гостиражни гори ниска вегетација и дабова шума, соопшти утрово ЦУК.

Активни се пожарите и во општина Ново Село над село Бадилен, каде гори дабова шума и борова шума, во општина Конче кај село Горни и Долни Липовиќ гори нискостеблеста шума, а во Општина Делчево се уште гори градска депонија.

Од ЦУК информираат дека се изгаснати 11 пожари на отворено, во општините Битола, Крушево, Аеродром, Арачиново, Зелениково, Кавадарци, Росоман, Штип, Пробиштип, Тетово и во Гостивар. дма/ац/

Фото: ЦУК


 
 
 

 
 
 
 

Остани поврзан