• сабота, 23 ноември 2024

Хрватскиот премиер Пленковиќ утре во официјална посета на Северна Македонија

Хрватскиот премиер Пленковиќ утре во официјална посета на Северна Македонија
Скопје, 4 април 2023 (МИА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. 
 
Премиерот Димитар Ковачевски на церемонија со највисоки државни и воени почести ќе го пречека Пленковиќ, кој предводи делегација во која се високи владини претставници за економски прашања и за надворешни работи и членови на хрватскиот Сабор.
 
Премиерот Димитар Ковачевски одржа билатерална средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Прага во рамки на првата средба на Европската политичка заедница.  На средбата, како што соопшт
Веднаш по церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба на Ковачевски и Пленковиќ, по што ќе следува билатерални разговори на двете делегации. Во составот на македонската делегација, на средбата со хрватската делегација, ќе бидат и вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи. 
 
Хрватскиот премиер Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието. ев/сп/
 
ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан