• понеделник, 22 јули 2024

Жителите на улицата „Митрополит Теодосие Гологанов“ утре со намален притисок во водоснабдување

Жителите на улицата „Митрополит Теодосие Гологанов“ утре со намален притисок во водоснабдување

Скопје, 21 јули 2024 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Митрополит Теодосие Гологанов“ бр. 72 во населбата Карпош утре од 7 часот со намален притисок во водоснабдување ќе останат корисниците на потегот од булеварот „8 - ми Септември“ до улицата „Рузвелтова“ и на потегот од булеварот „Митрополит Теодосие Гологанов“ до улицата „Васил Ѓоргов“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан