• вторник, 27 август 2024

Кој застана зад Камала Харис, најверојатниот претседателски кандидат од демократите, а кој не

Кој застана зад Камала Харис, најверојатниот претседателски кандидат од демократите, а кој не

 

Вашингтон, 22 јули 2024 (МИА) Претседателот на САД Џо Бајден синоќа се повлече од претседателската трка преку изјава дека ја прекинува својата кампања за реизбор и даде поддршка негова замена на изборите закажани за 5 ноември да стане потпретседателката Камала Харис.

Демократската партија е во грчевита потрага на „пет до дванесет“ да избере соодветен демократски кандидат но притоа да се запазат сите процедури за номинација.
Најверојатно ќе се јават уште неколку кандидати од оваа партија кои ќе изразат желба за номинација, но засега најголема шанса за тоа има токму потпретседателката Харис.
За кратко време поеќе демократи во Конгресот подржани од моќни групи за собирање кампањски средства се обединија зад неа како нов претседателски кандидат на Демократската партија, јави весникот Волстрит журнал. Зад неа застанаа и едни од најважните донатори на демократите, Алекс и Џорџ Сорос.

Некои аналитичари сметаат дека Харис има багаж и не е ссодветна за да извојува победа над републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Кампањата на Харис во 2020 година речиси пропадна а нејзиниот рејтинг потона до само два отсто. Но откако двјацата извојуваа победа на Трамп, рано во својот мандат, Бајден ја задолжи Харис да курира со имиграцијата. Многумина ја обвинуваат токму неа за релаксираните имигранстки политики, по што САД се судрија со наплив од милиони имигранти од Јужна Америка.  
Затоа, некои други демократски првенци засега се воздржуваат да дадат подршка. Тоа се поранешната спикерка Ненси Пелоси од Калифорнија, лидерот на малцинството во Претставничкиот дом Хаким Џефрис од Њујорк, лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, кој доаѓа од Њу Џерси, и поранешниот претседател Барак Обама.
Демократските лидери кои досега изразија поддршка за Харис се поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон. То се и сенатските демократи Елизабет Ворен од Масачусетс, Пети Мари  од Вашингтон, Марк Ворнер од Вирџинија, Марк Кели од Аризона и Тина Смит од Минесота.
Претставничката во долниот дом на Конгресот, Нанет Бараган од Калифорнија е претседателка на Конгресниот јужноамерикански какус, како и прогресивните членови на Претставничкиот дом како претставничките Прамила Џајапал од Вашингтон, Џеред Хафман (Калифорнија), Кори Буш (Мисисипи.) и Илхан Омар (Минесота). Но и влијателниот претставник од Јужна Каролина Џејмс Клајбурн
Проминентни донатори кои ја подржуваат Харис се и Алекс и Џорџ Сорос
Таа е подржана од клучни групи како Human Rights Campaign, AAPI Victory Fund, The Collective PAC, Latino Victory Fund, Priorities USA и Emily’s List. кб/

Остани поврзан