• вторник, 23 јули 2024

Изложба на слики „Македонско девојче“ од Раде Најдовски

Изложба на слики „Македонско девојче“ од Раде Најдовски

Битола, 21 јули 2024 (МИА) - Во Центарот за култура во Битола е отворена изложба на слики насловена „Македонско девојче“ изработени во маслена техника од Раде Најдовски.

Сликите се инспирирани од народните носии од различни предели во земјава, односно од носиите на Мијаците од Галичник, Крушево и Смилево, носиите од Битолско Поле, Дебарски Дримкол и други.

- Творечкиот опус на Најдовски е долготраен и иако првенствено е посветен на сликање икони и фрескоживопис, тој воедно е разновиден. Како влијание од неговата творечка работа, ликовите на жените, девојките во народни носии, до одреден степен, потсетуваат на иконописните претстави што ги работи и оддаваат впечаток на достоинство, гордост и грациозност. Преку својата уметност, Најдовски мајсторски го пренесува целосното значење и убавина на народната традиција, претставувајки ја со живост, истакнува Наде Геневска Брачиќ, кустос во Заводот и Музеј-Битола.

Изложбата е во рамки на придружните манифестации на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. мт/бак/

Фото: РФНПИ „Илинденски денови“

Остани поврзан