• среда, 24 јули 2024

Хили: Состојбата во британската армија е многу полоша отколкуи што мислевме

Хили: Состојбата во британската армија е многу полоша отколкуи што мислевме

Лондон, 23 јули 2024 (МИА) – Состојбата на вооружените сили на Велика Британија, поради децениските намалувања, е многу полоша отколку што мислевме, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили.

Според него во „овие навистина сериозни времиња со брзо растечки глобални закани“ треба да се избегне вековната тактика на армијата, Кралската морнарица и Кралските воздухопловни сили кои се борат меѓусебно поради ограничените средства за поддршка на проекти.

- Мораме да бидеме способни да се бориме, а не да се бориме едни со други. Навистина сакам да видам надминување на старите ривалства, посочи Хили.

Тој додаде дека сите армиски родови се соочуваат со многу сериозни предизвици – „исцрпени сили, губење на набавките, низок морал, криза во регрутирањето и задржувањето, и ветерани кои немаат пристап до услугите што ги заслужуваат“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан