• четврток, 05 септември 2024

Харадинај: Убеден сум дека Албин Курти ќе заврши во затвор поради корупција

Харадинај: Убеден сум дека Албин Курти ќе заврши во затвор поради корупција

Приштина, 4 септември 2024 (МИА) – Шефот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај, изрази уверување дека косовскиот премиер Албин Курти ќе заврши во затвор поради корупција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај за телевизијата Т7 изјави дека во континуитет се потпишуваат стотици тендери од еден извор, а за такво нешто вели дека Курти ќе заврши во затвор.

Поранешниот косовски премиер вели дека Курти и во случаите кога биле покренати обвиненија ги бранел корумпираните, а не обвинителите.

„Да, тој ќе заврши во затвор поради корупција. Убеден сум дека Албин Курти ќе заврши во затвор поради корупција, бидејќи во континуитет, не се работи само за еден тендер од еден извор, туку за стотици такви тендери. Албин ги штити и корумпираните. Ќе заврши во затвор поради корупција“, изјави Харадинај во денешната емисија Фронтал на Т7. иа/

Остани поврзан