• недела, 21 јули 2024

Ханија: Хамас покажува флексибилност во преговорите со Израел и подготвен е за борба

Ханија: Хамас покажува флексибилност во преговорите со Израел и подготвен е за борба

Газа, 28 феверуари 2024 (МИА) - Шефот на Хамас, Исмаил Ханија денеска изјави дека палестинската милитантна група покажува флексибилност во преговорите со Израел, но во исто време е подготвена да ја продолжи борбата.

Во телевизиски говор Ханија ги повика Палестинците од Ерусалим и окупираниот Западен Брег да одат во џамијата Ал Акса во источен Ерусалим на првиот ден од Рамазан.

Хамас доби нацрт-предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, кој вклучува 40-дневна пауза во сите воени операции и размена на палестински затвореници за израелски заложници од 10 спрема 1, изјави вчера неименуван извор.

Изворот рече дека нацртот бара Хамас да ослободи 40 израелски заложници, вклучувајќи жени помлади од 19 години, болни и над 50 години, додека Израелците ќе ослободат околу 400 палестински затвореници кои нема да бидат повторно уапсени. Предложената шестнеделна пауза во борбите, исто така, вклучува дозволување на стотици камиони да ја доставуваат потребната помош до Појасот Газа секој ден.

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека Израел ќе биде подготвен за прекин на огнот во Газа следниот месец, за време на муслиманскиот празник Рамазан кој започнува на 10 март, доколку се постигне договор за ослободување на некои од заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група.

Бајден рече дека се надева оти прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас што ќе овозможи ослободување на преостанатите заложници може да стапи на сила на почетокот на следната недела. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан