Пелоси го поздрави Бајден како „еден од најзначајните“ американски претседатели
- Џо Бајден е „еден од најзначајните претседатели во американската историја“, изјави поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, откако американскиот лидер објави дека се откажува од трката за реизбор за Белата куќа.

Вашингтон, 21 јули 2024 (МИА) - Џо Бајден е „еден од најзначајните претседатели во американската историја“, изјави поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, откако американскиот лидер објави дека се откажува од трката за реизбор за Белата куќа.
Бајден е „патриотски Американец кој секогаш ја ставал нашата земја на прво место. Неговото наследство на визија, вредности и лидерство го прават еден од најзначајните претседатели во американската историја“, наведе Пелоси во изјавата, изразувајќи ја својата „благодарност“ кон него. мс/
фото: МИА архива