• понеделник, 23 декември 2024

Си-Ен-Ен: Харис нема да зборува јавно додека Бајден не и се обрати на нацијата

Си-Ен-Ен: Харис нема да зборува јавно додека Бајден не и се обрати на нацијата

Вашингтон, 21 јули 2024 (МИА) - Потпретседателката на САД, Камала Харис нема да и се обрати на нацијата се додека американскиот претседател Џозеф Бајден не и се обрати на нацијата по неговата денешна изјава дека нема да бара реизбор, изјавија два извори за Си-Ен-Ен.

Извори блиски до Харис рекоа дека таа нема да дејствува како претседателски кандидат се додека Бајден не и се обрати на нацијата.

Изворите изразија очекување дека Демократската национална конвенција, која треба да се одржи за помалку од еден месец, и ќе има брз процес за избор на претседателски кандидат пред конвенцијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан