• понеделник, 23 декември 2024

Харис вети дека ќе ја добие номинацијата и ќе го „победи Доналд Трамп“

Харис вети дека ќе ја добие номинацијата и ќе го „победи Доналд Трамп“

Вашингтон, 21 јули 2024 (МИА) - Потпретседателката на САД, Камала Харис ја пофали „патриотската“ одлука на претседателот Џо Бајден да не се кандидира за реизбор и вети дека ќе ја добие номинацијата на демократите и ќе го порази Доналд Трамп.

-Со овој несебичен и патриотски чин, претседателот Бајден го прави она што го правеше во текот на целиот свој живот на служба: ставајќи го американскиот народ и нашата земја над се друго, нагласи таа во изјавата.

-Почестена сум што ја имам поддршката од претседателот и мојата намера е да ја добијам таа номинација... Ќе направам се што е во моја моќ да ја обединам Демократската партија и да ја обединам нашата нација, за да го поразам Доналд Трамп. мс/

Остани поврзан