Хакиран сајтот на весникот „Илинден"
- Хакиран е сајтот на македонскиот весник „Илинден", кој е гласило на истоименото македонско друштво во Албанија.
Тирана, 1 јули 2024 (МИА) - Хакиран е сајтот на македонскиот весник „Илинден", кој е гласило на истоименото македонско друштво во Албанија.
- Почитувани читатели на македонски весник "Илинден", во моментот нашиот сајт е хакиран. Се надеваме дека за брзо време ќе биде вратен. Се истражува кој го нападнал, објави на фејсбук Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник.
Тој не сакаше да шпекулира кој би можел да го стори хакерскиот напад.
Весникот „Илинден" е единствен весник на македонски јазик, а е достапен и во печатена форма и електронски. Во изминатите над 13 години отпечатени се најмалку 60 броеви на весникот. вт/цр
Фото: МИА архива