• петок, 26 јули 2024

Финска повторно отвора два гранични премини со Русија

Финска повторно отвора два гранични премини со Русија

Хелсинки, 12 декември 2023 (МИА) - Финската влада денеска соопшти дека до крајот на неделата повторно ќе отвори два гранични премини со Русија, откако на крајот на ноември затвори осум гранични премини меѓу двете земји за, како што наведе, да спречи зголемен прилив на баратели на азил.

Финскиот премиер Петери Орпо на прес-конференција рече дека Владата, без укинување на ограничувањата, не може да провери дали има промена на подобро и дека граничните премини, доколку продолжи зголемениот прилив на баратели на азил од Русија, повторно ќе бидат затворени.

Финската влада тврди дека зголемениот проток на мигранти во Финска од Русија е резултат на „оркестрирани потези на Москва“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан