• четврток, 25 јули 2024

Филипини и Сингапур ќе потпишат „одбранбен пакт“

Филипини и Сингапур ќе потпишат „одбранбен пакт“

Манила, 24 јули 2024 (МИА) – Министрите за одбрана на Филипини и на Сингапур, Гилберто Теодоро и Нг Енг Хен денеска ќе потпишат „одбранбен пакт“.

Договорот предвидува проширување на соработката помеѓу армиите на Филипини и Сингапур, одржување на заеднички вежби за хуманитарни акции и други непредвидени ситуации.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос, по минатогодишната ескалација на територијалните спорови помеѓу Кина и Филипините во Јужно Кинеско Море, презеде чекори за создавање нови безбедносни сојузи со голем број азиски и западни земји и дозволи американско воено присуство во филипинските бази. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан